Македонија
5. March 2016 - 13:54

Масовен протест пред МВР, се бара оставка од Оливер Спасовски

 
Започна мирниот протест на граѓаните пред МВР. Гневни на интригите на техничкиот министер за внатрешни работи, граѓаните извикуваат пароли СПАСОВСКИ ОСТАВКА !
 
Овој протест е резултат на неодговорното однесување на полицијата во простестите во Бутел. “Оливер зошто не си поднесеш оставка“, „Опозицијата ја уништи Македонија“, ова се дел од транспарентите што ги носат членовите и симпатизерите на Светски македонски конгрес  кои се собраа пред МВР за да протестираат против министерот Спасовски.
 
Светскиот Македонски Конгрес бара од Министертвото за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на крстот во Бутел чија изградба беше стопирана поради блокадата од раководството и членовите на ДУИ и да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела.
 
Незадоволните граѓан сметаат дека Спасовски треба да поднесе оставка затоа што не спречил да се уништат темелите на крстот во Бутел.