Бизнис
4. February 2020 - 12:08

Машиновозачите денеска го бојкотираат работењето на Железницата

Поради бојкот на машиновозачите во прекин е железничкиот сообраќај во Македонија. Утворо ги сопреа возовите, па не се пренесуваат ниту патници, ниту стока.

-Барањето е додатокот на плата за квалитет кој сега е 30 отсто, да биде 40 проценти.Значи, 10 отсто плус на она што веќе го добиваме. Во 2007-8 година го добивавме 40 отсто за тој квалитет, меѓутоа со антикризните мерки ни се намали на 20, вели машиновозачот Душко Чакаровски.

Од МЖ Транспорт велат дека во последните 3 месеци од минатата година просекот на исплатените плати со исплатен трошок за километар е околу 45.000 денари.

-Во  09.15  часот од страна на Претседателот на Независен Синдикат на машинскиот персонал - Душко Чакаровски, кој без да достави соодветна документација се претставува како претставник на целокупниот машински и извршен персонал во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје незаконски поттикна и предизвика прекин на работата т.е. на железничкиот товарен и патнички сообраќај, се вели во дописот од компанијата.

Оттаму доставија документ во кој се вели дека пет синдикални организации при МЖ Транспорт не го поддржуваат штрајкот.

Министерот Сугарески не гледа причина зошто се бојкотира работата и апелира до машиновозачите да се вратат на работните позиции. Вчера се сретнал со раководството на МЖ Транспорт и синдикалците.

-Со зголемувањето на платите на сите во државата од 5 осто, зголеман е и таму. За она што евентуално сакаат да бојкотираат е зголемувањето на коефициентот за квалитет за работа. Тој од 20 на 30 проценти еднократно е покачен во декември и сега велиме пак да биде 30 од јануари. Тие бараат 40. Ова се фактите. Јас не сакам да помислам ниту во сон дека постои каква било друга политичка позадина, вели министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Машиновозачите велат дека по предвремените парламентарни избори, ќе бараат и зголемување на основната плата.