Македонија
26. August 2015 - 16:38

Машина усмрти момче во Бунарџик

Момче загина денеска во индистриската зона Бунарџик во објектот на КЕМЕТ Инженеринг.

Според првичните полициски информации, работна машина паднала врз вработениот и го усмртила на лице место.

Од МВР велат дека е известена трудовата инспекција, извршен е увид на местото на несреќата, а телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. 

Несреќата се случила околу 11 часот.