Масакр во Најроби: Полицаец убил шест лица меѓу кои и сопствената сопруга па се самоубил
Кениски полицаец денеска уби шест лица во главниот град Најроби, а потоа се самоуби, соопшти локалната полиција.
Полицаецот прво ја застрелал својата сопруга во нивната куќа пред да излезе надвор и со службено оружје АК-47 убил уште пет лица, се вели во извештајот на полицијата, без да се наведе што го предизвикало ова насилно однесување.
– Полицаецот уби пет лица, меѓу кои двајца мотоциклисти, соопшти полицијата.
Френсис Вахоме, службеник задолжен за областа Дагорети во Најроби, го потврди инцидентот и бројот на загинатите, но не наведе други детали. Гневни жители во близина на местото на крвавиот напад подоцна запалија гуми на патот во знак на протест против насилството.
Ова не е единствениот случај. Во инцидент во 2010 година, полицаец уби 10 луѓе, меѓу кои и двајца колеги, во градот Сиакаго, 120 километри североисточно од Најроби.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето