Марш против независноста на Каталонија во Барселона
Во Барселона денеска се одржуваат големи демонстрации на приврзаници на шпанското единство, откако на Каталонија и беше одземена автономијата поради прогласувањето независност.
Според полицијата, на собирот присуствуваат околу 300.000 лица, додека организаторите тврдат дека на настанот се присутини речиси еден милион луѓе.
Учесниците на собирот се противат на независноста на најбогатиот шпански регион, прогласена по референдумот одржан на 1 октомври, кој Мадрид го прогласи за незаконски.
Голем број демонстранти носат шпански знамиња, како и транспаренти со кои бараат апсење на разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.
Според организаторите, цел на маршот е да се одбрани единството на Шпанија и да се отфрли „нападот без преседан во историјата на демократијата“.
Нивниот слоган е - „Ние сме сите Каталонија. Здрав разум за коегзистенција“.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите