Свет
19. November 2017 - 22:05

Мароко: Во стампедо при делење храна загинаа 15 лица

Во стампедо, што се создало при делење на храна во јужниот дел на Мароко, загинаа 15 лица, а петмина се повредени, соопшти мароканското Министерство за внатрешни работи. 

Инцидентот се случил во местото Сиди Булалам во провинцијата Есаурам, во време кога локалната служба делела храна. 

При несреќата, на местото се наоѓале околу 800 лица.