Бизнис
20. јуни 2018 - 19:37

Марко Бислимовски - предлог на Владата за претседател на РКЕ

Марко Бислимовски да го наследи Димитар Петров. Владата до Собранието испрати предлог за претседател на РКЕ. Бислимовски се јавил на јавниот оглас кој заврши во саботата, освен него конкурирале уште 13 други кандидати. Освен Бислимовски, Владата предложи уште тројца за членови на комисијата.

Мандатот на претседателот на регулатрона трае 5 години но овој пат заврши пред време заради одредбите од новиот закон за енергетика, донесен минатиот месец, Според новото законско решение, мандатот на претседателот на комисијата завршува 30 дена по стапувањето на сила на законот. Токму за оваа одредба и опозицијата најсилно реагираше при носењето на законот со образложение дека власта прави пат партиски војници наместо професионалци да ја водат комисијата.

Прва одлука која ќе треба да ја донесе РКЕ во нов состав е таа за цената на струјата која ќе се применува од август. Инаку, регулаторите во просек заработуваат по околу 1500 евра месечно.