Марин: Стопирана изградбата на зградата пред Мајчин дом
Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин денеска на прес-конференција информира дека е стопирана изградбата на зградата кај Мајчин дом поради неправилности во градилиштето. Забраната важи 15 дена.
Тој информира дека инспекторот денеска излегол на терен и направил записник и го изготвил решението.
- Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија. Ги преземав сите можни мерки и напори, со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот, во разговори со граѓаните, со инвеститорот и со град Скопје, рече Марин.
Тој изрази надеж дека во најбрз можен рок ќе се дојде до решение со инвеститорот.
Најави дека в петок е закажана вонредна седица на Советот на Општина Аеродром и ги повика претставниците на граѓанските здруженија и сите засегнати граѓани да присуствуваат и да бидат дел од процесот на барање решение.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење