Маричиќ: Политичарите не треба да бираат обвинители
Коментирајќи го предлогот државниот јавен обвинител да биде избран на предлог на опозицијата, министерот за правда Бојан Маричиќ со став – политичарите не треба да се мешаат во судството. “Имаме добар државен јавен обвинител и сега не е време да правиме уставни измени”, вели министерот. Според Маричиќ принципот на новата влада е политиката да биде што подалеку од овие процеси. Потсети дека опозиционерите имале прилика да постигнат договор за назначувањето на Вилма Русковска, кога се изготвувало новото законско решение, односно новиот Закон за јавно обвинителство, но тоа не се случило. Инаку на заедничката прес конференција со вицепремиерот за борба против корупцијата, владините претставници информираа дека Македонија излезе од групата на земји кои не ги почитуваат препораките на ГРЕКО за борба против корупцијата. Вчера усвоениот извештај од ова тело покажува дека земјава генерално ги почитува препораките за превенција на корупција во парламентот, судството и обвинителството. Од 19, Македонија целосно исполнува девет, делумно осум, а не исполнува две препораки на ова поле. Позитивниот извештај од ГРЕКО ќе биде нов стимул во борбата против криминалот и корупцијата, велат од Владата.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат