Маричиќ: Имаме обврска да обезбедиме еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот живот
Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на „Промоцијата на наодите од мониторингот на парламентарните избори и гласањето на лица со попреченост“, кажа дека институциите и политичарите имаат обврска да обезбедат еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот живот и да го гарантираат нивното право на глас.
-Неспорно е дека бројни други проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост при реализација на политичките права остануваат отворени во моментот, но факт е дека голем дел од нив не се предмет на Изборниот законик, туку на практиката и организацијата на гласањето. Една од нив, согласно меѓународните обврски, е обезбедувањето на целосна пристапност на процесот на гласање за лицата со попреченост. Оваа обврска е нешто што сериозно треба да биде сфатено од страна на ДИК, избирачките одбори и локалната власт, имајќи предвид дека исполнувањето на оваа препорака, пред сè е предмет на организација и е во нивни раце, потенцираше Маричиќ.
Министерот за правда во обраќањето кажа и дека со претстојниот попис, меѓу другото, ќе се добијат релевантни информации и за лицата со посебни потребни, односно со каков вид на тешкотии се соочуваат, дали користат помагала или помош од друго лице. Сите овие информации ќе бидат повеќе од корисни при креирањето на сите мерки и политики, со кои ќе им се олесни животот на овие наши сограѓани и дополнително, ќе се гарантира нивното учество во сите аспекти на политичкиот живот.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила