Loading Video...
Кошарка
9. December 2022 - 11:13

Мареј со „тројка“ го реши Портланд за нова победа на Денвер

 
Најнеизвесниот, од трите синоќешни натпревари во НБА лигата се одигра во Портланд, каде Денвер славеше победа со поен разлика благодарение на кошот на Џамал Мареј со тројката на 9.десетинки пред крајот. Тој средбата ја заврши со 21 поен, додека на Никола Јокиќ му недостасуваше едена асистенција да оствари трипл-дабл (33 поени, 10 скока и 9 асистенции). 
 
На „Блејзрси“ не им помогна ниту расположениот Демјан Лилард кој оствари дабл-дабл со 40 поени и 12 асистенции. 
 
На останатите два натпревари Мајами го совлада ЛА Клиперс со 115-110, а Сан Антонио славеше против Хјустон со 118-109.