-->
-->
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-->
Неодамна пензионираниот британски тенисер Енди Мареј е нов тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, соопштија денеска неговите претставници, цитирани од српските медиуми.
Мареј ќе работи како тренер во стручниот штаб на Ѓоковиќ на Гренд слем турнирот во Австралија во јануари.
Ѓоковиќ има освоено рекордни 24 Гренд слем трофеи и е играч со најмногу недели поминати на врвот на АТП листата. Тој летово во Париз освои златен олимписки медал.
Мареј освои три Гренд слем титули, како и два олимписки медали во поединечна конкуренција, а 2016 година ја заврши како играч број еден во светот.
Британецот се пензионираше по Летните олимписки игри 2024 во Париз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство