Манифестација „Охридска софра“ во Скребатно

Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид денеска во излетничкото место Скребатно ќе се одржи годинешното издание на традиционалната манифестација „Охридска софра“.
Голем број учесници, мајстори - готвачи ќе учествуваат на манифестацијата со свои производи, препознатливи за охридскиот крај, а во рамки на настанот и оваа година ќе се одржи и натпревар во приготвување на специјалитетот ѓомлезе.
Манифестацијата ќе започне во 9 часот, а во 11:30 часот предвидена е дегустација, оценување и прогласување на победниците на натпреварот, за кои се обезбедени парични награди. За добрата забава ќе се погрижи ансамблот „Билјана Јуниор“.
За граѓаните кои сакаат да ја проследат манифестацијата локалната самоуправа организира бесплатен превоз до селото Скребатно. Тргнувањето е во 9:45 часот од пред „Охридска Банка“ и во 10 часот од пред Домот на културато во село Лескоец.
Манифестацијата „Охридска софра“ се организира во насока на промовирање на традиционалните вредности на охридскиот регион и развој на алтернативните форми на туризам што може да ги понуди овој крај.
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
