Манифестација „Ѓура Мара“ во Миравци
Манифестација „Ѓура Мара“ традиционално се одржува во гевгелиското село Миравци на третата вечер од големиот христијански празник Велигден, под покровителство на општина Гевгелија и финансиска поддршка од Министерството за култура.
Гости на вечерашната манифестација што ја организира КУД „Танец“ од Миравци ќе бидат културно уметничките друштва „Паја Зариќ“ од Србија, „Димо Николов“ од Бугарија и играорци од Босна и Херцеговина и од Хрватска.
Манифестацијата е автентична фолклорна традиција која датира од раното владеење на турците на овие простори. Таа третира вистински настан кој се случил на третиот ден од Велигден. Месното население низ песна и игра го симболизира непокорот и отпорот кон насилствата и зулумите кои тогаш ги вршеле османлиите, велат организаторите кои вечер слават 85 години од постоењето на КУД „Танец“.
Орото го симболизира грабнувањето на убавата мома Мара, за чие спасување нејзиниот брат го жртвувал животот. По традиција го играат само девојки и повозрасни жени кои не дозволуваат маж да заигра во орото.
Ново на Сител
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?