Македонија
12. December 2019 - 11:34

Манчевски: Ќе се укине софтверот "Балансер" - немањето попис придонесува во злоупотребите на етничка припадност

Немањето попис повеќе од 18 години придонесува до зголемените малверзации со етничката припадност за влез во јавната администрација. Министерот Манчевски вели дека ќе се укине софтверот "Балансер" кој одредуваше за која работна позиција каков етникум треба да биде поставен. Сепак, според него, нема начин како да се санкционираат оние кои злоупотребуваат бидејќи етничката припадност е лично чувство. Но директорите ќе треба да внимаваат да нема злоупотреби.

 

Даниел Василев