-->
-->
Манчестер Сити и Ливерпул одиграа без победник
-->
Во англиската Премиер лига денеска се одиграа три натпревари со кои беше комплетирано 29.коло.
Во дербито Манчестер Сити и Ливерпул одиграа без победник 1-1. Гостите поведоа со голот од пенал на Џејмс Милнер (51.минута), а резултатот го израмни Серхио Агуеро (69).
Претходно победа на гостински терен кај Мидсборо оствари Манчестер Јунајтед со 3-1, додека второ пласираниот Тотенхем пред својата публика во Лондон го совлада Саутемптон со 2-1.
На натпреварите кои се одиграа вчера беа постигнати овие резултати: ВБА – Арсенал 3-1, Сандерленд – Барнли 0-0, Кристал Палас – Ватфорд 1-0, Евертон – Хал 4-0, Вест Хем – Лестер 2-3, Стоук – Челзи 0-1 и Бурнемут – Свонси 2-0.
Табела: Челзи 69 бода, Тотенхем 59, Манчестер Сити 57, Ливерпул 56, Манчестер Јунајтед 52, Арсенал 50, Евертон 50,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети