Малолетникот осомничен за терористички напад во Босанска Крупа се брани со молчење
Малолетниот Е.С. кој на 24 октомври уби еден полицаец и рани друг во полициската станица во Босанска Крупа, на распит во Обвинителството на Унско-санскиот кантон (УСК), се бранеше со молк. Сараевскиот портал Рапорт објави дека малолетникот, осомничен за тероризам, одбива секаков вид соработка со обвинителите.
Е.С. според обвинителните документи, во полициската станица влегол вооружен со голем црн нож со назабени сечила, кој претходно го нарачал и купил од нему познато лице.
Тој прв го забележал полицаецот Авдо Хасановиќ, кој, според информациите, излегол од собата на должност и се обидел да му се обрати на момчето. Тогаш, Е.С. веднаш со нож го избодел полицаецот Хасановиќ во стомакот и главата. Хасановиќ го повикал на помош полицаецот Озрен Маран, велејќи му да го удри Е.С. со палка и со тоа да го спречат да нападне понатаму.
„Кога Маран му пришол на колегата Хасановиќ да го одбрани од напаѓачите, Е.С. му нанел нож во градите“, се наведува во обвинителните документи.
Набрзо на помош на Маран и Хасановиќ дошле и други полицајци, а додека полицајците му ставале лисици, според документот, малолетникот извикал: „Алах да ве казни сите, кои меѓу вас утрово бевте во сабах“.
Полицаецот Озрен Маран бил пренесен во Кантоналната болница во Бихаќ, каде од здобиените повреди починал.
Ново на Сител
-
Став на СПМ за измена на државниот грб
-
ДУИ: Државниот врв не ја честиташе независноста на Косово
-
Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница
-
Демонстрации против Трамп под слоганот „Без кралеви на денот на претседателите“
-
Aвионска несреќа во Торонто, повредени осумнаесет лица | ФОТО + ВИДЕО
-
Во Ријад ќе преговараат високи претставници на САД и на Русија
-
Од утре намалување на облачноста и ниски утрински температури
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози