Во Ријад ќе преговараат високи претставници на САД и на Русија
Високи американски и руски претставници, вклучително и министрите за надворешни работи на двете земји, денеска ќе разговараат за подобрување на билатералните односи и преговори за ставање крај на војната во Украина. Тоа ќе биде најзначајната средба меѓу САД и Русија од целосната инвазија на руските трупи во соседната земја пред речиси три години.
Разговорите во Саудиска Арабија означуваат уште еден важен чекор на администрацијата на Трамп за промена на американската политика на изолација на Русија и имаат за цел да го отворат патот за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, јавија американските медиуми.
Франција синоќа свика итен состанок на земјите од Европската унија и Велика Британија за да одлучат како треба да реагираат Европејците.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за надворешни работи Јуриј Ушаков вчера пристигнаа во главниот град на Саудиска Арабија. Ушаков рече дека разговорите ќе бидат „чисто билатерални“ и нема да вклучуваат украински претставници.
Според него, делегацијата на САД е составена од „сериозни луѓе“, но наведе дека Русија „исто така дојде со сериозен пристап“. „Важно е да се започне вистинска нормализација на односите меѓу Русија и САД“.
Американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе се сретнат со руската делегација, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека разговорите ќе бидат насочени првенствено кон „обновување на целиот спектар на руско-американски односи, како и подготовка за можни преговори за украинското решение и организирање средба на двајцата претседатели“.
Брус рече дека средбата била со цел да се утврди колку сериозно Русите сакаат мир и дали би можеле да започнат детални преговори.
„Мислам дека целта на сите е очигледно да утврдат дали може да има напредок“, им рече таа на новинарите кои патуваа со Рубио во Ријад, Саудиска Арабија. Брус додаде дека иако Украина нема да биде на преговарачка маса денеска, вистинските мировни преговори ќе се одржат само со нејзино учество.
Ново на Сител
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
-
Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
-
Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ
-
Вчера казнети 949 возачи
-
Лазаров: Воопшто нема да го потцениме Бриксен, одиме на победа и на реваншот
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за стружанец вработен во Управата за имотно правни работи