Македонија
18. November 2019 - 11:00

Малолетник (15) од демирхисарско тешко повреден по пад од мотоцикл

Вчера во 17.35 часот во Полициската станица Демир Хисар, од лекар од Итната медицинска помош Демир Хисар било пријавено дека лекарска помош побарал 15 - годишен малолетник од с.Бараково, кој се здобил со тешки телесни повреди при пад од мотоцикл.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што било констатирано дека во близина на крстосницата за с.Света, малолетникот, управувајќи мопед „хамачи“, со демирхисарски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. За настанот бил известен Јавен обвинител.