Македонија
14. August 2021 - 18:13

Малолетничка тешко повредена во сообраќајна незгода на патот Охрид-Ресен

Вчера  во 15.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на охридското село Опеница, патничко возило „форд“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(28) од Битола, излетало од патот, велат од МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од Битола, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.

Увид извршија полициски екипи.