Малолетни близначки се борат за живот: Модната агенција барала драстично да ослабат, дојдоа до анорексија и паднаа во кома
Руските лекари се борат за животот на анорексичните близначки Маша и Даша Леденева, откако тие две по барање на модна агенција, ослабнале до 36 и 40 килограми и завршиле во тридневна кома.
Девојчињата биле итно префрлени на интензивна нега во болница во Москва кога станале “живи костури” на кои никој во родниот Липецк не сакал да им помогне. Близначките лежеле во домот и практично чекале да умрат, а дури и докторите одбивале да интервенираат сe’ додека Марија Кохно, активистка за помош на лицата со пореметувања во исхраната, не кренала тревога.
-Никој не сакал да им помогне на девојчињата. Нивната мајка одела од врата на врата, но болниците упорно ги одбивале. Таа ѝ се обратила и на водителката Елена Малишева, како и во Прехранбениот институт во Москва, но никој не сакал да се занимава со “живи лешеви”, изјавила активистката.
Кохно, која е инаку и самата поранешна манекенка, открила дека модните агенции барале на девојчињата да им се истакнуваат јагодичните коски за да добијат прилика за фотографирање. Поради тоа, најпрвин ослабнале околу 5 килограми, јаделе храна која била исклучиво приготвена на пареа и тоа не по 17 часот.
Сега на лекарите им преостанува да ги извлечат од работ на смртта, кога срцето може да им застане во секој момент. Марија опишала дека Маша, една од близначките, може да станува и да го мрда своето тело, но Даша само лежела и немала сила ни да ја подигне својата глава.
Во едно интервју, Даша признала дека се плаши од дебелеење. Кога близначките биле прашани дали се плашат дека ќе умрат, тие само ги наведнале главите и гледале во подот без да зборуваат, бидејќи смртта не била она од кое тие се плашеле, туку дебелеењето.
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка