„Малиот принц“ - премиера на Детскиот театарски центар-Скопје
Детскиот театарски центар-Скопје денеска од 11 часот на фестивалот „Скопско лето“ прмиерно ќе ја изведе претставата за деца „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, по драматизација на Тодор Кузманов и режија на Драгана Милошевска-Попов.
Деветгодишниот Амар Шапка ќе го игра насловниот лик во приказната за момчето од вселената кое првпат доаѓа на Земјата сакајќи да открие нешто ново.
- Низ добро познатата приказна на „Малиот принц“ овојпат ќе пробаме да ја доближиме приказната на малиот принц низ визурата на едно момче, фасцинирано од ликовен уметник, се обидува да најде смисла и радост влегувајќи во некој нереален, волшебен свет, рака под рака со малиот принц, истакнува режисерката Милошевска-Попов.
Покрај малиот Шапка, во актерската екипа се и Мона Мустафа и Бесфорт Идризи кој на прес-конференција по повод премиерата рече дека е предизвик да се игра во претстава по една од најчитаните и најпреведувани книги, често екранизирана и инспиративна за многу илустрации, а ја нагласи и предноста од соработката со дете во екипата.
- Убаво искуство беше да се работи со дете зашто за „Малиот принц“ децата знаат работи кои ние, малку повозрасните, знаеме да ги занемариме или да не ги воочиме. Така што, низ секојдневниот процес, одредени работи можевме да ги видиме низ неговата призма. Ќе видите нов пристап, мултимедијална претстава во која освен актерите и музиката, голема улога имаат и видеоанимацаиите. Тие ќе не внесат во светот на малиот принц, кој колку е реален, толку е и нереален, рече Идризи. На „Скопско лето“ тој ќе има уште едно учество - како продуцент на комедијата „Се бара стар кловн“ која е закажана за 24 јули.
За видеоанимациите е задолжен Бетим Зеќири, сценографијата е на Енес Деари, а костимограф на претставата е Роза Трајческа-Ристовска.
Во вечерниот термин на „Скопско лето“ (21 часот во Сули ан) ќе се одржи и концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ насловен „Ритамот на мандолината“ под водство на диригентот Ерхан Шукри. На концертот ќе гостува и Гудачкиот камерен оркестар „Арко“.
Ново на Сител
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај
-
Туск: Русија планирала „терористички акции“ во воздух против Полска и други земји
-
Јапонија ќе обезбеди два милиони долари помош за Калифорнија за ублажување на последиците од пожарите