Фудбал
31. August 2016 - 12:06

Максимовиќ го сруши српскиот трансфер рекорд!

Никола Максимовиќ стана најскапиот српски фудбалер на сите времиња, откако за сума од 29 милиони евра од Торино ќе се пресели во Наполи, објавија италијанските медиуми.

Sky Italia објави дека во трансферот е вклучен и играчот на Наполи Марко Валдифијори кој е проценет на 3,5 милиони евра, а останатиот дел од парите ќе му биде исплатен на Торино.

Максимовиќ стана најскапиот српски фудбалер во историјата рушејќи ги рекордите на Саво Милошевиќ, Немања Матиќ и Лазар Марковиќ чии трансфери во минатото изнесуваа 25 милиони евра.

Поранешниот фудбалер на Црвена ѕвезда со Наполи потпишал петгодишен договор.