Максим Димитриевски: Оливер Спасовски е најголем виновник за состојбата во СДСМ
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во гостување во Утринската на Телма изјави дека нема контакт со Оливер Спасовски и дека смета дека тој е најголем виновник за состојбата во партијата.
-Сум немал контакт подолг временски период затоа што сметам дека тој е нејголем виновник за состојбата во која се наоѓа СДСМ во моментов, рече Димитриевски.
Во однос на изборот на Ковачевски за нов лидер на СДСМ, Димитриевски смета дека секој човек кој ќе дојде на позиција треба да добие најмлаку 100 дена за да докаже што знае.
-Најголемото прашање е дали сакаат да направат суштински реформи, истакна тој.
Градоначалникот на Куманово, вели дека е подготвен во секој момент да разговара доколку некој од раководство даде поддршка на ставовите кои ги имал.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет