Макрон: Треба да се дефинираат јасни црвени линии кон Русија
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека е потребно „да се дефинираат јасни црвени линии кон Русија“ и дека е подготвен да воведе санкции во случај на „неприфатливо однесување“ на Москва.
„Мислам дека во случај на неприфатливо однесување мора да воведеме санкции. И мислам дека мора да дефинираме јасни црвени линии кон Русија”, изјави Макрон за американската телевизија Си-Би-Ес на прашањето за можниот одговор на Западот во случај на руски напад на Украина.
Западот и Украина ја обвинуваат Русија дека донела десетици илјади војници на границата со Украина и Крим, кои ги припои во 2014 година, по што продолжија борбите во источна Украина.
Во четвртокот, американскиот претседател Џо Бајден најави воведување серија строги финансиски санкции против Русија и протерување 10 руски дипломати, истовремено повторувајќи го предлогот за самит со рускиот претседател Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот