Макрон: Себеси се гледам како „непријател на национализмот“
Емануел Макрон, основачот и лидерот на независното движење „Во движење“, кој се пласираше во вториот круг на претседателските избори во Франција, е поранешен банкар кој никогаш до сега не се кандидрал на избори. Тој беше економски советник на сегашниот француски претседател Франсоа Оланд, а потоа министер за економија.
Како министер за економија на Франција, Макрон (39) укина прописи кои дотогаш важеа во некои индустриски сектори и дозволи продавниците подолго да работат во недела, наведува „Би-Би-Си“.
Работеше за социјалистичката француска Влада, но одредени левичарски партии му се спротивставија.
Макрон има план за јавни инвестиции вреден 50 милијарди евра што би опфатил обуки за работа, промена од јагленот како енергетски извор кон обновливи извори на енергија и модернизација на инфраструктурата.
Исто така, предвидува и значително намалување на даноците за корпорациите и повеќе простор за компаниите во преговорите за 35-часовна работна недела.
Тој има намера да ја намали стапката на невработеност од сегашните 9,7 на седум отсто, но и да ја забрани употребата на мобилни телефони во училиштата за деца помлади од 15 години.
Макрон себеси се претставува како „непријател на национализмот“ и кандидат за „отворена Франција што има свои интереси - безбедносни, економски и социјални“ што сака да ги заштити.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата