Макрон: Целта на самитот во Трст е постигнување на безбедност на Балканот
Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека криминалот е еден од најголемите проблеми на Балканот и оти на самитот во Трст е постигнат напредок во контролата на лесното вооружување.
- Франција предложи иницијатива што ќе биде спроведена и ќе овозможи подобра контрола на муницијата и лесното вооружување во регионот, бидејќи криминалот е еден од најголемите проблеми на Балканот, нагласи Макрон по повод неодамнешниот самит во Трст.
Макрон издвои три главни теми на кои на тој состанок било посветено внимание, и кои, како што истакна, добиле значаен напредок.
- Првата тема е безбедноста и Франција е сега на чело на оваа иницијатива на ниво на ОН до средината на 2018 година, посочи Макрон.
- Предложивме подобра соработка кога станува збор за складирањето на муницијата и подобра контрола врз лесното вооружување, што претставува главен проблем во регионот, и мислам дека таквиот чекор е напредок во поглед на безбедноста, наведе Макрон.
Исто така, тој објасни дека е покрената и иницијатива за борбата против криминалот и борбата против радикализацијата.
- Постои еден најсилен фундаментализам што тука се развива, забележа францускиот претседател.
Ново на Сител
-
Мекинро: Не верувам дека долго ќе трае соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј
-
Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола
-
Путин: Руската економија „стабилна“ и покрај „загрижувачката“ инфлација
-
Зеленски: САД и ЕУ само заедно можат да ја спасат Украина
-
Фатени двајца бегалци од затвор
-
Заврши есенскиот дел од ракометната Суперлига, Алкалоид лидер
-
Работнички со максимални шест порази ги заврши настапите во АБА 2
-
На две грчки пристаништата откриена дрога со вкупна вредност од над четири милиони евра