Македонските ракометари со победа ги завршија настапите на Европското првенство
Македонската ракометна репрезентација со победа го заврши настапот на 16. Европско првенство. „Црвено-жолтите“ вечерва во Берлин ја победија Швајцарија со 29:27.
Македонците од средината на првото полувреме ја преземаа контролата на резултатот и со серија од 6:0 поведоа со 10:5. Имаа пет разлика предност и при 13:8, за на пауза да се отиде со 13:9.
Одбраната предводена од голманот Мартин Томовски не беше „порозна“ како во првите две кола, а нападот функционираше сосема солидно против фаворизираниот противник.
Во второто полувреме Швајцарците од 17:12 најпрво намалија на 17:15 во 38. минута, изедначија 23:23 во 51. минута, имаа и водство во последните пет минути, но нашите репрезентативци не се предадоа и заслужено дојдоа до триумфот.
Томовски со 12 одбрани, Марко Митев и Никола Костески со по пет гола беа најефикасни во победничкиот состав.
Македонија со оваа победа заврши на третото место во групата и обезбеди место во носителите во мундијалските квалификации.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата