Loading Video...
Спорт плус
8. јуни 2022 - 11:49

Македонските одбојкари против Романија во деуел „да се биде или не“

Најдобрата машка одбојкарска репрезентација вечерва ќе го одигра петтиот натпревар во Европската Сребрена лига
 
По двата порази од Албанија, нашата најдобра машка одбојкарска репрезнетација, е пред императив на победа во дуелот со Романија. 
 
Црвено-жолтите по четири одиграни кола се на третото место на табелата со 4 бодови, три помалку од Албанија, а два побеќе од БиХ, додека Романија е неприкосновен лидер со 11 освоени бодови.
 
Доколку македонските одбојкари сакаат да ги задржат шансите за освојување на второто место, а со тоа и пласман на завршниот турнир во Будимпешта, тогаш едноставно ќе мора да ги победат Романците.
 
Задачата нема да биде нималку лесна имајќи во предвид дека досега Романците се поразени, а во првиот меѓусебен дуел не совладаа со 3-1 во сетови. 
 
Дуелот меѓу Македонија и Романија ќе се игра во СЦ Борис Трајковски со почеток од 20:15 часот.