-->
-->
Македонските одбојкари ги зачуваа шансите за полуфинале во Евролигата
-->
Македонската одбојкарска репрезентација и натаму има шанси за пласман помеѓу четирите најдобри во Сребрената Европска лига, откако синоќа ја победи Романија со 3:1.
Резултатот на дуелот одигран синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ по сетови изнесуваше: 25:21, 22:25, 25:19 и 25:22.
За „Спартанците“ ова беше втора победа во петтиот свој настап од годинашното издание на турнирот.
Македонската репрезентација со седум освоени бодови се наоѓа на третото место во Б-групата. Лидер е Романија со 11 бода, Албанија е втора со 10, Босна и Херцеговина е на последното (4. место) со два бода.
Следниот натпревар за македонските одбојкари е в сабота во Тузла против БиХ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење
-
Стримичани вода за пиење ќе добиваат преку цистерни и канистери
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС
-
ОКТА со современа лабораторија ќе го испитува квалитетот на дизелот
-
Отворен регионален центар К9 за дресирање кучиња во Ѓорче Петров
-
Поднесено обвинение против две лица за дивоградба во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Се стопираат огласите со „Балансерот“ критериумите - Министерство за администрација издаде насоки до институциите