Кошарка
16. July 2015 - 11:00

Македонските надежи против "Викинзите" за место во 1/2 финалето

Македонската кошаркарска репрезентација попладне ќе „брка“ победа против Шведска за задржување на шансите за полуфинале на Европското првенство Б-дивизија за играчи до 20 години што се одржува во Унгарија.

 
По вчерашниот пораз од домашната селекција, избраниците на селекторот Љупчо Малинков само со победа ги задржуваат шансите за пласман во следната фаза.
 
Натпреварот почнува во 15 часот и 45 минути, а при евентуална победа „црвено-жолтите“ ќе го очекуваат резултатот од средбата Белорусија – Унгарија, при што им одговара победа на Белорусите.