Loading Video...
Фудбал
3. September 2021 - 10:40

Македонските младинци поразени на гостувањето во Франција

 
 
 Младите македонски фудбалери се поразени од фаворизираната Франција во првиот меч од квалификациите за Европското првенство во 2023 година што ќе се одржи во Романија и Грузија.
 
На тешкото гостувањет во Ле Ман избраниците на селекторот Канатларовски загубија од „Триколорите“ со 3-0. 
 
Головите за домаќините ги постигнаа Мбуку во првото полувреме (26-минута), а во вториот дел Камавинга во 50-тата зголеми на 2:0, додека во самиот финиш на мечот (89-минута) Калулу на ефектен начин ги постави конечните 3:0. 
 
Следниот натпревар нашата млада селекција ќе ги игра во вторник (7 септември) во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“против селекцијата на Србија која попладнево  ја игра својата прва средба против Украина.