Loading Video...
Кошарка
2. July 2022 - 10:46

Македонските кошаркари декласирани од Шпанија

Македонските кошаркари беа декласирани од актуелниот светски првак Шпанија со 36 поени разлика (44-80) на мечот одигран во Сарагоса. 
 
Поразот сигурно дека беше очекуван, но разликата од дури 36 поени во ниту еден случај. Македонија беше конкурентна само во првата четвртина која ја загубивме со два разлика (19-17). Но, во наредните три четвртини домаќините кои исто така не настапија со своите најдобри игрчи, едноставно доминираа на паркетот, па убедливиот пораз беше неминовен.
 
„Едноставно, мислам дека квалитетот и физичката подготвеност, односно состојбата на играчите на Шпанија, преовладува во вакви натпревари. Тимот кој го водам не е на ниво на Шпанците. Знам дека со одредено време и кога ќе ни се приклучат сите играчи ќе бидеме уште подобри и својата шанса ќе ја бараме со репрезентации кои се приближно како нас, а не од нивото на Шпанија“, изјави по натпреварот слекторот Бајиќ.
 
Нашите репрезентативци вечерва се враќаат во Скопје, каде веќе во понедленик ќе го одиграат последниот меч од овие квалификации.
 
Дуелот против Украина нема да има некаково резултатско значење, бидејќи Украинците со вчерашната победа над Грузија веќе го осигураа своето место во следната рунда од квалификациите.