Македонските граѓани ова лето “ќе сонуваат” за Црногорското приморје
Македонските државјани и наредните 15 дена нема да можат да влезат во Црна Гора ниту со негативен ПЦР тест. Иако имаше најави дека поради лошата сезона во Црна Гора во првата половина на август ќе може да се оди на море во Црна Гора, тамошните власти не ја ставија нашата земја на листата чии граѓани ќе може да влезат и да престојуваат на нивна територија без никакви ограничувања. Само Македонците не се ниту на таканаречената „жолта листа“ на која се најдоа само соседните држави на Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина и за нив е потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, а додека државјаните на Канада, Русија, Украина, Белорусија, Азербејџан и Зимбабве од утре ќе може слободно да влезат во Црна Гора, објави тамошното Национално координативно тело за заразни болести.
Според последната одлука на црногорските власти нивните плажи се се подалечни за македонските државјани кои традиционално летуваат таму. Засега македонските граѓани на море без ограничување можат да одат само во Албанија и Турција, а за Бугарија и Хрватска се потребни негативени ПЦР тестови.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје