Фудбал
13. April 2022 - 11:06

Македонските фудбалски кадети поразени од Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години беше минимално поразена од Црна Гора на контролниот дуел одигран вчера во Стара Пазова, Србија.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ загубија со 1:2. Противникот рано уште во 2. минута успеа да постигне погодок за предност од 1:0. Пред крајот на првиот Никола Стојковски го израмнат резултатот. Во продолжението од средбата и двете селекции пропуштија по неколку добри прилики, а Црна Гора со гол во 85. минута успеа да слави победа.

На овој натпревар Станојковиќ настапи со следниот сотав: Славе Вргов (г), Генц Кљику, Андреј Велков, Кристијан Георгиевски, Анес Мелиќи, Оливер Савевски, Даниел Коцев, Миксимилијан Димитриевски, Алтин Алили, Никола Манојлов, Фљакрон Мемиши.