Македонскиот цртан филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ меѓу 20. најдобри во светот
Македонскиот цртан филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ е финалист на најпрестижниот светски фестивал за детска телевизиска продукција „Prix Jeunesse International“. Од 400 пријавени детски програми од 60 држави во светот, овој филм влезе во дваесетте финалисти во категоријата на играни програми за публика до шест години.
Цртаниот филм го создаде креативниот тим на НВО „ОХО“. Продуцент е Пеце Талески, сценариото и режијата е на Елеонора Венинова, а анимацијата на Симон Стојановски и Диме Ѓорѓиевски. Илустрациите се на Тхе Мичо, а музиката е на Мите Димовски.
Фестивалот „Prix Jeunesse International“ или Оскарите за детска ТВ продукција, како што го нарекуваат во светот, се одржува 50 години во Минхен. Последните десет години, Македонија преку „ОХО“ е единствениот финалист од Балканот во која било од шестте категории.
Во изборот на финалистите учествуваа претставници на најпрестижните светски медиуми од ББС, ЗДФ, како и Австралиската телевизиска фондација, продуценти на големи продукции и анимациски студија како Ва Да Да, Зумабстицо од Чиле, Ок Манки од Данска... Досега во финалисти биле и популарните детски програми: „Маша и Медо“, „Улицата Сезам“, „Графало“, „Телетабиси“, „Дора истражува“...
„Прасето кое сакаше да биде птица“ досега беше емитуван на повеќе домашни и светски фестивали, како „Манаки“ во Битола, „Zlin Film Festival“ во Чешка, „Seoul Guro International Kids Film Festival“ во Јужна Кореја.
Претставници од тимот на „ОХО“ ќе присуствуваат на фестивалот во мај 2016, кога ќе биде и прогласувањето на победниците во секоја категорија.
Ново на Сител
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода
-
Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод
-
Гаши: Газењето на туѓо знаме е спротивно на државните интереси
-
Во неговиот дом во Велес утрово мртов пронајден 43 годишен маж
-
Курти: Сите одлуки во надворешната политика ги носам во договор со Османи, Коњуфца и Гервала