Бизнис
15. December 2016 - 20:07

Македонски шуми ќе се трансформира во јавно приватно партнерство

Сите граѓани ги добија нарачаните дрва за оваа  сезона. Наскоро ќе биде објавен повик за склучувањње договори за наредниот период. Од Македонски шуми уверуваат дека на складиштата има доволно дрва и за ониие кои сакаат да нарачаат уште некој кубик. Сепак, греењето со овој енергенс, кој го користи 80% од популацијата најмногу  го  загадува воздуход. Состојбата треба да биде променета со проектот кој стапува на сила почетокот на следната година – субвенционирање на трошоците за греење со пелети. Соодносот е 9:1, односно пелетите 9 пати помалку загадуваат отколку дрвата.

Нова улога ќе добие и претпријатието Македонски шуми, кое ќе се транформира во јавно приватно партнерство. Веќе има заинтересирани странски компнании кои сакаат да инвестираат, со што ова ова претпријатије ќе биде коректор на цената на  пазарот

Караџоски најави намалување на трошоците на Македонски шуми во наредниот период, со тоа што наместо да се ангажираат  надворешн соработници за сечење  дрва, - таа улога би им припаднала за лицата кои живеат во руралните средини – кои ќе имаат месечни приходи, платен стаж и придонеси,  и ќе се грижат за шумата како за свој имот.   На тој начин значително треба да се намали нелегалната сеча и да се спречи  искористувањето на трудот на оваа популација од страна на дивите продавачи.