Македонски поети на поетски средби во Србија и на Саемот на книга во Белград
Македонските поети Петко Шипинкаровски, Христо Петрески, Мишо Китаноски, Тоде Илијески и Костадинка Коца Ѓорѓевска од денеска до 27 октомври ќе бидат дел од поетскиот карван на четириесетина поети и писатели од Србија, Франција, Германија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Холандија, Црна Гора, Македонија и други земји од Европа.
Под мотото „Враќање кон корените“, учесниците на карванот ќе престојуваат во Ниш, Лисине, Деспотовац и Белград. За време на карванот, македонските поети ќе настапат на повеќе места на поетските читања, со избор на песни и трудови од своето творештво.
На 26 октомври во 17 часот во Друштвото на писатели на Србија во Белград, претседателите на Клубот на писателите „Седумка“ од Франкфурт – Германија Љубиша Симиќ и на Културниот центар „Бран“ од Струга Петко Шипинкаровски ќе потпишат Меморандум за соработка и разбирање.
На Саемот на книгата во Белград на 27 октомври македонските поети Шипинкаровски, Петрески, Китаноски, Илијески и Ѓорѓевска ќе бидат претставени и ќе бидат промовирани нивни книжевни дела, а ќе биде направена промоција и на книжевното списание „Бранувања“ што го издава „Бран“ од Струга.
На поетскиот карван „Враќање кон корените“ македонските поети ќе престојуваат на покана на Друштвото на писателите „Седумка“ од Франкфурт – Германија.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228