Македонски филмски класици во видеотеката на Макс ТВ
Националната установа Филмски центар „Вардар филм - Македонија“ - Скопје склучи договор за соработка со Македонски Телеком АД - Скопје, за прикажување македонски филмски класици во видеотеката на МаксТВ.
„Вардар филм Македонија“ денеска соопшти дека со првиот пакет филмови во видеотеката на МаксТВ поставени се 15 македонски филмови. Станува збор за филмовите „Хај - Фај“ во режија на Владимир Блажевски (продукција во 1987), „Три Ани“ на Бранко Бауер (1959), „Среќна Нова ’49“ на Столе Попов (1986), „Планината на гневот“ на Љубиша Георгиевски (1968), „Тетовирање“ на Столе Попов (1991), „Австралија, Австралија“ на Столе Попов (1976), „Дае“ на Столе Попов (1979), „До победата и по неа“ на Жика Митровиќ (1966), „Мис Стон“ на Жика Митровиќ (1958), „Под исто небо“ на Миомир Стаменковиќ и Љубиша Георгиевски (1964), „Солунските атентатори“ на Жика Митровиќ (1961), „Републиката во пламен“ на Љубиша Георгиевски (1969), „Црно семе“ на Кирил Ценевски (1971), „Црвениот коњ“ на Столе Попов (1981) и „Цената на градот“ на Љубиша Георгиевски (1970).
Аудиовизуелните дела продуцирани од Филмскиот центар „Вардар филм“ се достапни за корисниците на МаксТВ услугата на Македонски Телеком АД - Скопје од 20. овој месец.
Пакетот ќе се дополнува со дела од ризницата на Филмскиот центар „Вардар филм - Македонија“, со што оваа национална установа, покрај својата основна дејност на обезбедување техничка поддршка за филмските продукции, интензивно и посветено работи и на промовирањето на македонската филмска уметност, се вели во соопштението од филмски центар „Вардар филм - Македонија“ – Скопје.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец