Македонија
6. August 2016 - 16:12

Македонски државјанин загина на автопат во Србија, обидувајќи се да помогне на повредени во сообраќајка

Четириесет и четиригодишен Македонец, кој живее во Германија, загина во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Белград-Ниш, кај Алексинац. На трагедијата и предходела друга несреќа во која возило со германски регистарски таблички удрила во заштитната ограда на автопатот. Македонскиот граѓанин кој возел зад тоа возило застанал да им пружи помош на луѓето кој се наоѓале во него, но во тој момент мерцедес со унгарски регистарски таблички удрил во него.Поради силината на ударот и тешките телесни повреди тој загинал на лице место.

На местото на несреќата излегла сообраќајната полиција и основен јавен обвинител од Алексинац, кои направиле увид.