Македонската компанија „Сајтрокс“ на „црната листа“ на САД поради шпиунски софтвер
Македонската компанија „Сајтрокс“ на „црната листа“ на САД поради шпиунски софтвер заедно со уште три други фирми поврзани со развивање на шпионски софтвер од Грција, Ирска и Унгарија.
Според соопштението на Министерството за трговија на САД овие фирми работеле спротивно на американската национална безбедност и надворешно политичките интереси на САД. Компаниите се санкционирани поради обиди да добијат пристап до информациски системи со цел да ја загрозат приватноста и безбедноста на поединци и на организации низ светот.
Претходно, македонската софтверска компанија „Сајтрокс“ во декември 2021 година беше додадена на црната листа на Фејсбук заедно со унгарската компанија „Мајка“ поради злоупотреба на мрежата за шпионажа на корисници. Тие беа дел од седумте компании кои Фејсбук ги блокираше поради сомневање за шпионажа и злоупотреба на податоци.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел