Македонска премиера на филмот „Незрели цреши"
Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар вечер ќе се одржи македонската премиера на краткиот игран филм „Незрели цреши" на режисерот Небојша Јовановиќ. Филмот ги претставува тензичните моменти при крајот на воената криза во 2001 година, и во неговата подготовка се искористени и архивски материјали на Македонската радиотелевизија и на новинарката Мира Костиќ.
Коле Ангеловски, Изабела Новотни, Душица Стојановска, Селпин Керим, Александар Микиќ, Фисник Зекири и Ѓорѓи Тодоровски-Трупче се дел од актерската екипа на филмот. Дејствието во филмот целосно се случува во воз во движење. Филмот беше копродуциран со водечката продукциска куќа FX3X.
- Имавме прекрасно искуство при работата на овој филм во кој беа вложени чисти и искрени емоции, изјави актерот Селпин Керим на прес-конференција.
„Незрели цреши" веќе предизвика значително внимание кога беше претставен во официјалната селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Драма, Грција, - најголем фестивал за краткометражни филмови на Балканот и фестивал - партнер на Европската филмска академија. Филмот на Јовановиќ наскоро ќе биде претставен и на фестивалот на независни филмови во американскиот град Петалума, како и во Торонто.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава