Македонија
15. March 2016 - 16:45

Македонска државјанка загина во терористичкиот напад во Абиџан

Македонската државјанка Анита Андреевска загина на 13 март оваа година во терористичкиот напад во туристичкиот град Гранд Басам во Брегот на Слоновата коска.

Во нападот, животот го загубија двајца припадници на војската и 14 недолжни цивили.

МНР денеска оствари средба со семејството на починатата на која изрази сочувство до најблиските за загубата и уверување дека ќе ги преземе сите потребни активности согласно законските прописи за пренесување на телото на починатата во нашата држава.

 

Путин одлучи делумно да ги повлече руските воени сили од Сирија. Одлуката ја поздравија светските лидери и ОН. Сите се согласни дека сега е ред дипломатијата да си го направи своето.

 

Експлозија на авомобил во двишење во Берлин. Случајот се истражува како убиство.