-->
-->
Македонија тргна за Скадар
-->
Македонската фудбалска репрезентација денеска претпладне го одработи последниот тренинг во Скопје на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот пред заминувањето за Скадар. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во понеделник почнуваат нов циклус квалификации, овојпат за Светското првенство во Русија 2018. Прв ривал ни е селекцијата на Албанија, која беше учесник летово на Европското првенство.
Фудбалерите и селекторот Ангеловски се оптимисти и посакуваат со позитивен резултат да ги почнат овие квалификации. Сите се задоволни и во одлична атмосфера ги одработија подготовките во Скопје.
Фудбалската експедиција за Скадар ќе патува со брендиран автобус, а патот до Скадар ќе ги води низ Косово и Албанија.
Македонија утре вечер во терминот на одигрување на натпреварот (20:45 часот) ќе има тренинг на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар.
фото:www.ffm.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за натпартиско обединување
-
Владата планира да ја гради втората фаза од жичницата, ќе се доградат и зградите на ФИНКИ и ФФК
-
Судски совет утре избира претседател
-
Маглата одложи летови, Скопје на врвот на листата најзагадени градови во Европа
-
Анализа: Поради петарда дете остана со траен инвалидитет – Дали системот потфрли?