Македонија станува земја на дебели луѓе - секое трето дете е дебело
Една третина од граѓаните во Македонија се дебели. Податоците од ИЈЗ покажува дека речиси секој трет човек во земајава живее со прекумерна тежина. Загрижувачка е состојбата кај младата популација. На светскиот ден беше соопштено дека над 30 проценти од децата од 6 до 9 години имаат премногу килограми за возраста, а половината се со екстремна дебелина. Според лекарите физичката неактивност и брзата храна се главни причини за ваквата состојба. Ендокринолозите предупредуваат дека дебелината која се смета за болест е причина и за други дури 200 заболувања.
Иако бројќите на луѓе во Македонија со премногу килограми се алармантни, досега според Мој Термин 1600 лица побарале лекарска помош во двата Центри за третман на дебелината во ГОБ “8 септември” и на Клиниката за ендокринологија, a само 30-тина од нив добиваат медикаменти на товар на Фондот, многумина терапијата која помага во процесот на слабеење ја купупуваат приватно и даваат по 100-тина евра месечно.
Најтешкиот пациент кој бил третиран во Центарот во “8 септември” имал 186 килограми, а со слична тежина, но килограм помалку имале и на Клиниката за ендокринологија.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар