Македонија
14. February 2019 - 15:06

Македонија прогласи два дена жалост - знамињата на половина копје

Знамињата пред Владата, Собранието и институциите денеска и утре ќе бидат на половина копје. Македонија е во дводневна жалост поради тешката сообраќајна несреќана автопатото Скопје – Тетово  во која животот го загубија најмалку 14 луѓе.  Веднаш по несреќата сочувство изразија премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорѓе Иванов. Собранискиот спикер талат Џафери од Албанија каде е на службен пат испрати порака.

- Длабоко сум трогнат и вознемирен од оваа трогателна вест и во овој горчлив миг за нашата земја, за нашите граѓани, дозволете да ја споделам болката со блиските семејства, пријатели, сограѓани на жртвите, на повредените и сите оние што беа учесници во оваа човечка трагедија, напиша Џафери.

Сочуствство за блиските на загинатите и пораки за побрзо закрепнување изразија и од пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.  Одложени се сите активности во парламнетот и во Владата. Сочувство изрази и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски.

 Искрено сочуство до семејствата на оние кои ги загубија животите. Нашите молитви се со семејствата на настраданите и повредените од оваа страотна несреќа. ВМРО-ДПМНЕ со своите расположливи капацитети стои на располагање да помогне, напиша Мицкоски.

Порака испрати и претседателот на Социјалистичката партија Љубисав Иванов Ѕинго.

 „Веста за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во која голем број наши граѓани ги изгубија животите длабоко ме потресе. Од мое име и од името на Социјалистичката партија на Македонија на семејствата на погинатите им изразувам длабоко жалење во неизмерната болка што ги снајде. На повредените им посакувам побрзо оздравување и враќање во своите семејства“, напиша тој.

Во знак на сочувство знамињата на половина копје ги симнаа и странските амбасади во земјава.

Американската амбасада изразува најдлабоко сочувство на фамилиите на лицата кои ги загубија животите во оваа несреќа и им посакува побрзо закрепнување на повредените лица, напишаа од  амбасадата.

Преку твитер, сочувство изрази и евромабсадарот Жбогар.

Поради деновите на жалост се одложија и сите културни и спортски настани во земјава. Одложени се концертите и во Македонската филхармонија, мјузиклот Мамамиа  во МНТ. Одложение се претставите на театарот за деца и младинци и татарот Комедија , како и претавите во театрите низ државата.  Своите концерти ги одложија и повеќе пејачи, меѓу кои и Гоцефест.

Oдложено е и традиционалното закројување на лозите на 14 февруари Свети Трифун.

Прилагодена и програмата нателевизиите и радијата, а препорачано е да се одложи емитувањето на шоу програми и хумуристични емисии.