Фудбал
14. July 2016 - 11:15

Македонија остана на 139.место на јулското ФИФА рангирање

Македонската фудбалска репрезентација не го промени својот пласман и се најде на 139.позиција на најновата рејтинг листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес.
 
Од ривалите на Македонија во квалификациската група за пласман на Мудијалот 2018, најдобро рангирана е Шпанија (8.место), Италија е десетта, Албанија 37-ма, Израел е на 76.место додека најслабо пласиран е Лихтенштајн (182.место).
 
На врвот нема промени. Лидер е Аргентина, пред Белгија и Колумбија. Во ТОП 10 уште се: Германија, Чиле, Португалија, Франција, Шпанија, Бразил и Италија.
 
Значителен напредок кон горниот дел на табелата имаат Велс (11.место) со скок од 15 позиции, Хрватска (15.место) со пробив од 12. Места, Полска (16.место) со напредокод 11 места и Исланд (22.место) со скок од 12 позиции.
 
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 11 август.