Македонија мрзне - Скопје меѓу најстудените градови
Најниска температура од минус осум степени утрово е измерена во Берово. Во Скопје, мерна станица во Петровец, се измерени минус шест, -4 во Струмица, Демир Капија, Штип, Крива Паланка, Тетово и Лазарополе, -3 во Битола, Куманово и Скопје, -2 во Крушево и Дебар и -1 степен во Охрид, Пожаране и Виница, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Нула степени се измерени во Ѓуриште и Претор, два степена во Тополчани и Прилеп, три во Гевгелија и шест степени во Дојран.
Во Македонија утрово е сончево и студено, а во југозападните делови со мала локална облачност. Дува слаб ветер од северен правец кој повеќе е изразен на повисоките места и планините. По одделни котлини и долж Повардарието има магла и магла со намалена видливост, во Демир Капија видливоста е до 50 метри.
За текот на денот УХМР најавува сончево време со мала облачност, долж Повардарието со умерен северозападен ветер. Претпладнето по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 5 до 12 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен северозападен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 7 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Утре ќе има појава на утринска магла по котлините. Позначителен пораст на дневната температура ќе има в петок и за време на викендот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени