Македонија и Унгарија ќе ја продлабочуваат соработката во земјоделството

Има простор и интерес за продлабочување на соработката во земјоделството, оценија денеска на работниот состанок државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари и државниот секретар за економска дипломатија на Унгарија Левенте Маѓар.
Потврда за тоа, истакнаа, е и досегашното искуство кое може да биде дополнето и со изработка на кафилерија. За ваков проект во Македонија, веќе има интерес од една унгарската фирма.
- Мора да направиме и ќе направиме кафилерија, што е обврска на државата. За фабриката за производство на нус производи е определена локација од страна на Владата и во тек е изработка на физибилити студија. До крајот на годинава треба да го имаме финалниот и најповолен концепт, истакна Јашари.
Воедно информира за стратегијата за македонското земјоделството, како и дека годишно земјата издвојува 150 милиони евра субвенции.
- Македонија има четири извозни стратегиски производи за кои даваме субвенции, виното и тутунот за кои имаме и закони, овошјето и зеленчукот, како и јагнешкото месо, додаде Јашари.
Маѓар, кој ја предводеше унгарската делегација во која беше и амбасадорот на Унгарија во Македонија Јозеф Бенце, истакна дека земјоделството е најперспективна извозна гранка во нивната земја.
- Имаме неколку производи со светски квалитет и ги нудиме како основа за соработка со Македонија. Но, секако, заинтересирани сме и за тоа што Македонија има да го понуди. Знаеме дека Македонија има потреба од увоз на одредени видови месо, семенски материјал, а имаме и два милиона тони жито за продажба. Не се сомневам дека ќе најдеме интересни теми за продлабочување на веќе изградената соработка, рече државниот секретар за економска дипломатија на Унгарија.
На состанокот беше предложено и да се направи меморандум за соработка меѓу двете земји кои во 2011 година потпишаа Договор за економска соработка, за што постои и посебна работна група за земјоделство
Ново на Сител
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
-

Сан Антонио во серија од 10 победи
-

Голема полициска акција на МВР за детска порнографија, претреси во повеќе градови
