Македонија
6. March 2018 - 14:26

Македонија и Казахстан наскоро ќе потпишат договор за екстрадиција

Разгледување на договорот за екстрадиција на осудените лица, кој наскоро треба да го потпишат Македонија и Казахстан беше тема на средбата денеска на министерот за правда Билен Салији со делегација од оваа централноазиска земја.

Казахстанската делегација по средбата со министерот Салији ќе продолжи со работа со работната група на Министерството за правда со цел да се изврши детална анализа во однос на законските процедури кои ги опфаќа екстрадицијата.

Меѓу другото ќе се преговара во однос на Нацрт-договорите за трансфер на осудените лица и Договорот за меѓународна правна помош во кривичната материја.

По завршувањето на преговорите, следи постапка за потпишување на наведените договори од двете страни, во најкус временски период.